Повеќе скопски општини утре без струја

Во периодот од 9 до 14 часот утре без струја ќе биде селото Маркова Сушица, поточно корисниците на потегот од првата трафостаница по главната улица до местото викано Спасов Дол, општина Студеничани.

Од 8:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Борис Трајковски“ бр. 107, а од 10 до 13 часот дел од корисниците од селото Крушопек, општина Сарај.

Жителите од скопските села Брест, Малино, Танушевци, Бродец и дел од Побожје утре ќе бидат без стрја од 9:35 до 13:35 часот, а од 9 до 11 часот корисниците од улицата „50-та Дивизија“ во општина Центар. Корисниците од селата Волково и Орман ќе бидат без струја од 9 до 15 часот.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во електросистемот.