Вчера полицискиот билтен бележи пријави за семејно насилство во Скопје во кое биле нападнати сопруга, мајка и баба поради недоразбирање.
- На 10.12.2024 во 21.10 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Д.(32) од Скопје, затоа тоа што околу 18.00 часот во семејниот дом физички ги нападнал неговите мајка и баба.
- Вчера во СВР Скопје, 44-годишна жена пријавила дека на 10.12.2024 околу 19.30 часот во семејниот дом во скопско била физички нападната од нејзиниот сопруг М.Ќ., кој употребил и тврд предмет и ѝ се заканувал.
Во двата случаи од МВР велат дека по целосно документирање ќе следува соодветна пријава против сторителите.