Повеќе од половина канадски жители не ги жалат невакцинираните ако се заразат

Канада спроведе голема анкета во однос на ковид-19 и вакцинацијата. 

Дури 54% од испитаниците се изјасниле дека не би жалеле доколку невакцинирано лице се зарази со коронавирус и/или почине. 

Околу 61% од анкетираните сметаат дека не треба да им важи здравственото осигурување на оние кои од хир не примиле вакцина. 27% од анкетираните се изјасниле дека треба да има затворска казна за невакцинираните. 

Според истата анкета, најмалку 66% од Канаѓаните сметаат дека сите над 5-годишна возраст треба да се вакцинираат. Истовремено, 77% од испитаниците сметаат дека не треба да им се дозволи пристап до јавен простор на невакцинираните.