Повеќе од пола милион евра за новото дрво кое ќе треба да го замени Ќосето

На местото каде што стоеше постамент со спомен обележје на Андон Јанев Ќосето ќе биде насадено дрво „за човекови права“ под кое ќе биде изгравиран Членот 10 од Општата повелба за човекови права на Обединетите нации, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Дрвото што ќе биде насадено на местото на постаментот ќе биде набавено од Нинберг и e од видот гинко. Вкупната вредност на набавката е 40 милиони денари или околу 650 илјади евра.