Повеќе од месец го нема Пино, МВР ја убедува мајката дека тој сам избегал

Повеќе од 30 дена се трага по Пино кој последно бил виден во Ѓорче Петров на 10-ти декември, 22 часот навeчер.

Оттогаш го нема заедно со неговиот автомобил, бела „Шкода” со таблички SK 1566 AP и двата мобилни телефони.Следното утро, во вторникот, требало да ја пречека мајка си, која доаѓала од Италија.

„Полицијата во Македонија се уште ме убедува дека мојот син избегал од дома. Тие се некомпетентни. 32 дена без мојот Пино“, напиша неговата мајка на нејзиниот Фејсбук профил.