Повеќе од 2.000 луѓе присуствуваа на „Пивтијада 2023“ во Автокоманда

Во Автокоманда вчера се одржа културната манифестација „Пивтијада 2023“ на која присуствуваа над 2.000 луѓе.

- Хуманата мисија ја исполнивме, сите подготвени пивтии беа продадени, а собраните средства ќе ги донираме во хуманитарни цели, напиша градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Стефковски најави дека традицијата ќе продолжи и во следните години.