Повеќе од 120.000 отпадни амбалажи рециклирани преку вендинг-машините во Центар

До сега се рециклирани над 120.000 амбалажи, од различни видови материјали погодни за рециклирање, на повратните вендинг машини поставени на локации низ Општина Центар.

Општина Центар информира дека проектот „И отпадот има вредност“ е голем чекор напред, како за самата општина, така и за јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар,“ во правилното справување со отпадот, неговата селекција и заштитата на животната средина.

Досега се поставени веднинг машини на осум локации, деновиве се поставуваат уште 11, а до крајот на годината планирано е низ Центар да има 27 вакви уреди.