Повеќе не им дозволувам на луѓето да ми кажуваат каков човек треба да бидам

Порано многу се замарав за тоа што другите луѓе мислат за мене. Всушност тоа ми го обземаше целиот живот. Толку многу се замарав што мислев дека колку повеќе се однесувам како што јас сакам, толку тие помалку ќе сакаат да се дружат со мене.

И така се смалив. Се затоа што мислев дека треба да ги слушам другите луѓе и да ги оставам да ми диктираат што треба да бидам.

Кога ќе живеете помалку како личноста која треба да бидете, кога живеете како личност која едноставно не личи на вас, еден ден ќе пукнете. Ќе стигнете до точка кога ќе сфатите дека не сте ни половина од личноста која можете да бидете.

Јас стигнав до таа точка и бев лута. Бев лута што им дозволив на луѓето да направат од мене нешто што не сум. Бев лута на самата себе затоа што ги слушав и се помирив со тоа.

Но, повеќе не слушам и не го правам она што луѓето ми велат дека треба. Јас ќе го направам тоа што треба да го направам, но според мојот вкус и процена.

И сфатив дека животот е полесен, посреќен. Напредувам во полиња во кои секогаш сакав да напредувам. И уживам во самата себе. Моите односи со луѓето се подобри.

И се само затоа што почнав да бидам тоа што сум.

Има уште долг пат пред мене. Ништо не е совршено и никогаш комплетно не се ослободувате од ханзапластот. Понекогаш се уште се грижам што мислат другите луѓе за мене.

И не знам дали тоа некогаш ќе го снема. Не знам дали сум тип на човек кој може целосно да престане да се замара за тоа што мислат другите луѓе. Но, можам да престанам да ги слушам осудувањата и мислењата. Можам да почнам да слушам што јас мислам за себеси.

Има уште толку многу да се оди, повеќе места да се посетат и луѓе да се запознаат, живот да се живее. И единствениот начин како да стигнам таму е да престанам да им дозволувам на луѓето да ми кажуваат што треба да правам и каков човек да бидам и да почнам да живеам како што сакам.

Конечно јас ќе си бидам ЈАС.