Повеќе лица повредени во превртено комбе на автопатот кон Тетово

Три лица меѓу кои и малолетник завршиле со повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера напладне на автопатот Мајка Тереза, во насока од Скопје кон Тетово.

Како што јави МВР, возилото излетало од патот и се превртело, а со него управувал 40-годишен маж од Гостиварско кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

„Сопатниците Д.С. (38) и малолетник по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Увид на место на настанот извршила увидна екипа од Скопје“, велат од МВР