Повеќе градежни зони низ Скопје - избегнувајте ги посочените улици...

ЦУКС известува дека поради градежни активности за формирање на крстосница помеѓу бул. Киро Глигоров и улица „1“, на дел од булеварот ќе биде воведен времен сообраќаен режим, па така сообраќајот во насока на движење од мост Тодор Александров кон крстосница со улица Перо Наков, на еден дел од бул. Киро Глигоров, ќе се одвива во една сообраќајна лента. ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот, воедно почитувајќи ја поставената сообраќајна сигнализација. Градот Скопје ја започна реконструкцијата на коловозот на улицата Февруарски походво скопската Општина Аеродром.

Реконструкцијата на коловозот ќе се изведува во должина од 720 метри. Екипите на Град Скопје ја започнаа првата фаза од реконструкцијата на коловозот на улицата Лазар Трповски во Општина Чаир. Со реконструкцијата е предвидено стружење на коловозот и поставување на нов асфалт на површина од 2.400 квадратни метри. Од 28.06.2019, се врши реконструкција на ул. “Ѓорче Петров” на потег од крстосница со ул. “Никола Пушкаров” до крстосница со ул. “Сарај” во Општина Ѓорче Петров во времетраење од 30 дена. Центарот ги потсетува граѓаните дека, поради градежни активности за реконструкција на дилатации на мостот на реката Серава во Момин поток, на дел од булевар Никола Карев кон Качанички Пат е воведен времен режим на сообраќај.

 

Поради реализација на овој проект измената на режимот на сообраќај важи на потегот од крстосницата помеѓу улицата Скупи и булеварот Никола Карев до крстосницата на овој булевар со булеварот Словенија, а градежните работи се изведуваат во две фази. До завршување на градежните активности, сообраќајот ќе се одвива наизменично по една сообраќајна лента и тоа во двете насоки, а ќе биде регулиран со светлосна вертикална сигнализација. Поради изведба на градежни работи за реконструкција и одржување на коловозот на бул.

Партизански Одреди, на потегот од бул. 8-ми Септември до мостот Обединети Нации, ќе биде воведен времен режим на сообраќај. Времениот сообраќаен режим ќе се воведува во неколку фази, од коишто во првата ќе биде затворена крајната десна сообраќајна лента на потегот од мост Обединети Нации до крстосницата со ул. Лондонска, во насока на движење кон Центар, но нема да има промена на режимот на движење на автобусите на ЈСП. Измената во сообраќајниот режим на овој дел од булеварот ќе важи до завршување на градежните активности за реконструкција на асфалтот на коловозот.

 

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје известува дека деновиве ќе почнат градежните активности за реализација на проектот изградба на водоводна мрежа во „Индустриска зона Визбегово-Делница 3“, во Општина Бутел, каде што поради градежните активности на одредели локации ќе биде воведен и времен сообраќаен режим, оттука ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да ја почитуваат поставената вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, прилагодувајќи ја својата брзина на движење според условите на патот.

Во тек се и градежни активности за санација на коловозот пред семафорите на крстосницата помеѓу булевар Александар Македонски и 16-та Македонска бригада, во насока на движење од влез на Скопје кон клучката Континентал, па оттука на дел од крајната десна сообраќајна лента воспоставен е и времен сообраќаен режим, што ќе важи до завршување на активностите. ЦУКС известува дека од 19.04. во наредните 4 (четири) месеци ДГТ ЖИКОЛ дооел Струмица и ЈП „Водовод и Канализација“-Скопје, ќе отпочнат со изведба на градежни активности за реконстукција на водоводна мрежа по ул. Елисие Поповски од ул. Мајка Тереза до ул. Киро Гаврилски, каде што до завршување на проектот, ќе биде воведен и времен сообраќаен режим, па оттука сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улици. ЦУКС известува дека од 08.05 ќе отпочнат градежни активности за изградба на атмосферска канализација долж улица Кузман Шапкарев од крстосница со улица Ѓорче Петров до крстосница со улица Црногорска , како и долж улица Црногорска од крстосницата со улица Кузман Шапкарев до крстосницата со улица Панајот Гиновски. Градежните активности долж улицата Кузман Шапкарев и на дел од улица Црногорскаво Општина Ѓорче Петров, ќе се изведуваат во наредните 4 (четири) месеци, а на овој потег ќе биде спроведен и времен сообраќаен режим. ЦУКС известува дека од 10.05 ќе отпочнат градежни активности на дел од ул. Алжирска во Општина Карпош, па на овој потег ќе биде спроведен и времен сообраќаен режим.

Градежните активности ќе траат 90 дена, а ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.