
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел, Гази Баба и Кисела Вода.
-Во периодот од 07:55 до 09:55 часот, без електрична енергија ќе останат дел од потрошувачите на улиците Ѓорѓи Стојчевски и Лазо Москов;
- Во периодот од 08:00 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од потрошувачите од улица Вила Анастасија и тоа бензинска пумпа Лукоил-Камник, МЗТ- Агрома, Агросервис, Камник винарија, ресторан Ла тана, технички преглед Цертус, куќи на улицата Вила Анастасија;
-Во периодот од 08:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе остане дел од булеварот „Борис Трајковски“ кај ресторан „Градина“ и „Кристина Дамил“.