Повеќе делови од Скопје денеска без струја, вода ќе нема во Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска ќе останат:

- Од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од селата: Мршевци, Бучинци и Бујковци (Општина Илинден ) и с. Грушино (Општина Арачиново);

- Од 08:30 до 12:00 часот, корисниците од зградата бр. 64 на бул. Партизански одреди (Општина Карпош);

- Од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од ул. бр. 4 во с. Бардовци (Општина Карпош);

-  Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Влае (Општина Карпош);

-  Од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од селата: Јаболци, Држилово и Патишка Река, (Општина Сопиште), како и Елово, Црн Врв, Осинчани, Црвена Вода и Малчиште (Општина Студеничани).

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улична цевка ф 100мм на ул Роберт Кох бб прекинато водоснабдување ке имаат корисниците од ул Роберт Кох, ул Драгиша Милошевич, ул Трифун Пановски и дел од ул Карпошово Востание, од 09:00 до завршување на интервенцијата (општина Карпош).