Повеќе делови од Скопје денеска без струја, еве каде ќе нема вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска (среда) ќе останат:

- од 07:50 до 15:30 часот, корисниците од селата: Мршевци, Бујковци, Бучинци, (Општина Илинден) и с. Грушино. (Oпштина Арачиново)

- од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од селата: Бродец, Малино, Брест и Танушевци, (Општина Чучер Сандево) и с. Љубанци. (Oпштина Бутел)

- од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Румена Хаџипанзова во нас. Драчево. (Општина Кисела Вода)

-  од 09:30 до 11:30 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иго, Емил Зола и Невена Георгиева Дуња. (Општина Кисела Вода)

-од 09:30 до 13:30 часот, корисниците од дел од ул. Анкарска, поточно згради бр. 21, 23 и 33. (Општина Карпош) 

- од 10:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Фјодор Достоевски. (Општина Карпош)

- од 12:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. Ринхини. (Општина Карпош). 

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација - Скопје, ги известува граѓаните дека, денеска (среда):

- поради зафати во водоводната мрежа (промена на затворач) на ул. Волгоградска бр. 7, од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Волгоградска, Желево и Невенска. (Општина Карпош)

- поради отстранување појавен дефект на приклучна водоводна цевка на ул. Никола Тримпаре бб, од 09:00 до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Аминта Трети (Ленинова), Дебарца, Никола Тримпаре, Коста Кирков и Борка Талевски. (Општина Центар)

-поради изведување на водоводен приклучок од ф - 150 мм на ул. Благоја Паровиќ бр.56, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од улиците Ѓорѓи Поп Христов и Никола Малешевски, како и дел од корисниците од ул.Благоја Паровиќ (општина Чаир).