Повеќе апсења во Скопје, дрога пронајдена и кај малолетник во Центар

Полицијата изминатото деноноќие апсеше за дрога на повеќе локации во главниот град. 

-На 17.11.2022 во 01.20 часот на подрачјето на Центар-Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

-На 16.11.2022 во 22.00 часот на автопат кај с.Идризово, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.И.(27) од с.Желино, тетовско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

-Во соопштението од МВР стои дека вчера во 12.30 часот на подрачјето на Центар-Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

-На 16.11.2022 во 09.30 часот на подрачјето на Чаир-Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.И.(18) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. 

-На 16.11.2022 во 22.30 часот на подрачјето на Центар-Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.П.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на сите овие случаи против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.