Поучна приказна: Животот секогаш ти го враќа она што му го даваш

Во продолжение прочитајте една поучна приказна која одвреме-навреме треба сите да ја препрочитуваме. 

Еден човек и неговиот син отишиле на планина. Одеднаш, детето се сопнало од камен и викнало: „ААААААААААААААААААААААААААААА“

Одеднаш, се појавило ехо: „ААААААААААААААААААААААААААААААА“.

Детето било љубопитно и реколо: „КОЈ СИ ТИИИ?“

Од планината одекнало: „КОЈ СИ ТИИИ?“

Детето се налутило и викнало: „КУКАВИЦО!“

Гласот одговорил: „КУКАВИЦО!“

Детето го погледнало таткото и го прашал: 

„Тато, што е ова?“

Таткото му рекол: „Внимавај, гледај сега...“

Тогаш таткото викнал: „ТИ СЕ ВОСХИТУВАМ!“

Гласот одговорил: „ТИ СЕ ВОСХИТУВАМ!“

Таткото рекол: „ПРЕКРАСЕН СИ!“

Гласот повторил: „ПРЕКРАСЕН СИ!“

Детето стоело изненадено и не сфаќал што се случува.

Таткото му објаснил: „Луѓето ова го нарекуваат ЕХО. Но, всушност се работи за ЖИВОТ. Животот секогаш ти го враќа она што му го даваш. Ако сакаш повеќе љубов, давај повеќе љубов. Ако сакаш повеќе добрина, давај повеќе добрина. Ако сакаш разбирање, труди се да ги разбираш другите. Ако сакаш луѓето да бидат трпеливи со тебе, тогаш и ти биди трпелив со луѓето.“

Ова правило се однесува на секој аспект од животот... Животот секогаш ти го враќа она што му го даваш!

Текот на твојот живот не е случајност, тој е огледало на твоите дела!