Две семки лежат една покрај друга во плодната земја на пролет.

Првото семе вели:

Сакам да растам. Да ги пуштам своите корени длабоко во земјата под мене, да ја надминам земјата над мене. Да ги развивам своите пупки за да ја најавам пролетта. Сакам на своето лице да ја почувствувам топлината на сончевите зраци и благословот на утринската роса.

И така растело.

Другото семе рекло:

Се плашам. Ако ги пуштам своите корени во земјата под мене, не нзам ни што можам да најдам таму. Ако се пробијам низ цврстото тло над мене, можам да го оштетам своето стебло. А, што ако ги отворам своите пупки, а полжавите посакаат да ме повредат. И, што ако почнам да цветам, а децата ме скинат? Не, подобро е да останам овде додека не биде безбедно.

И, така чекало.

По неколку дена, една птица  чепкала низ земјата и тревата, барајќи храна, го нашла семето кое останало таму и веднаш го изела.

Животот ги проголтува оние кои се плашат.