Поучна приказна: Совршената жена...

На едно предавање, студентите почнале да го прашуваат својот професор:

„Вие сте толку мудри и искрени. Сите Ве почитуваат, сакаат да Ве следат, да бидат како Вас. Но, сепак, сите сакаме да знаеме една работа: Зошто сѐ уште не сте оженет?

Професорот изненаден од прашањето, на почетокот се двоумел, но потоа почнал да зборува:

„Видете, јас секогаш ја барав Совршената жена.

И додека барав, патував низ многу земји. Еднаш бев заљубен во една преубава девојка. Беше неверојатно убава. Ниту еден маж не можеше да ѝ оддолее. Но, за жал, нејзината душа немаше таква убавина, па по некое време се разделивме.“

После тоа сретнав уште една девојка. Таа беше и убава и паметна и образована. Но, за жал, карактерите ни беа целосно различни и моравме да ја прекинеме врската.

Оттогаш сретнував многу прекрасни жени, но сепак јас сѐ уште ја барав Совршената.“

Студентите тогаш го прашале: „И што се случи, зарем никогаш не ја сретнавте совршената жена?“

„Да, ја сретнав. Еден ден, се појави баш таа: Совршената жена: паметна, убава, магична, зрела, елегантна, добра.. едноставно совршена!“

Сите студенти почнале воодушевено да викаат во еден глас: „И тогаш се оженивте?“

„Не! На мое големо разочарување, на крај излезе дека таа бара СОВРШЕН МАЖ!“

Многумина бараат совршенство кај другите, но не работат на сопствено усовршување.