Еден познат мотивациски говорник го започнал својот семинар, вадејќи една банкнота во износ од 20 долари и подигајќи ја пред присутните.

Тој ги прашал: Кој ја сака оваа банкнота?

Луѓето кои биле во публиката почнале да ги подигаат своите раце.

Потоа, говорникот додал: Ќе ви ја дадам оваа банкнота, но прво дозволете ми да направам нешто. Така, ја згужвал банкнотата. Потоа прашал: Кој сѐ уште ја сака оваа банкнота?

Сепак, истите раце останале подигнати.

Тој продолжил: Што ако го направам ова? Ја спуштил банкнотата на подот и ја изгазил со своите кондури. Потоа, така валкана и изгужвана повторно ја подигнал пред публиката.

Прашал повторно: Дали некој и понатаму ја сака банкнотата?

Рацте останале подигнати.

Пријатели мои, се надевам дека од ова научивте важна лекција. Без оглед на тоа што направив со банкнотата, вие ја сакавте и понатаму бидејќи тоа не ја намали нејзината вредност. Таа сѐ уште вредеше исто како и на почетокот кога ви ја покажав.

Многу пати во животот ќе бидеме згужвани, извалкани, ќе падне на земја во калта, луѓето ќе се обидат да нѐ згазат. Но, тоа не ја намалува нашата вредност. Не треба да се чувствуваме безвредни. Без оглед на тоа што се случило, не дозволувајте да ја изгубите својата вредност.

Вие сте посебни и никогаш не го заборавајте тоа.