Поучна приказна: Прегорениот тост не повредил никого, но зборовите можат да бидат болни...

Една вечер, мајка ми направи вечера откако се врати од работа. Таа пред татко ми стави една чинија со јајца, салата и прегорен тост. 

Веднаш го забележав изгорениот тост и баш сакав да видам дали татко ми ќе се пожали, но тој почна да си јаде и притоа со насмевка ме прашуваше како ми поминал денот...

Мајка ми му се извини на татко ми што го подгорела тостот. Никогаш нема да го заборавам неговиот одговор: „Душо, јас баш сакам кога тостот е подгорен.“

Подоцна, кога отидов да си легнам, а татко ми дојде во мојата соба да ми посака добра ноќ, го прашав дали навистина му се допаднал прегорениот тост. 

Тој ме прегрна и ми кажа: „Мајка ти имаше многу тежок ден и навистина е уморна. Таа навистина се потруди за да ни го направи јадењето, зошто да ја обвинувам и повредам. Прегорениот тост не повредил никого, но зборовите можат да бидат многу болни!“

Мора да знаеме како да го цениме она што другите го прават за нас, дури и кога не е совршено, затоа што важна е намерата, а и никој не е совршен.

~ Џон Тисен