Бил обичен студен ден. Двајца млади пријатели се лизгале на едно смрзнато езеро. Тие без страв уживале во лизгањето. Но, мразот одеднаш се скршил и еден од нив пропаднал во водата, под мразот. Водата не била длабока, но мразот почнал да се стега.
Другото момче истрчало барајќи помош, наоѓајќи само еден камен и враќајќи се назад до својот пријател. Со сета своја сила го скршило мразот и го фатило за рака својот пријател, вадејќи го од водата.
Кога стигнала помош, тие зачудено прашале: Како успеа да го направиш ова? Како со тој камен и со своите слаби раце успеа да му помогнеш на својот пријател?
Во тој момент, се појавил еден старец кој рекол дека го знае одговорот. Тие повторно прашале како.
Старецот одговорил: Бидејќи никој не му кажал дека тоа е невозможно.
Сѐ е можно за оние кои веруваат.