Никогаш ништо не правете на сила.
Photo by William Farlow on Unsplash
Бидете добри кон другите, добри кон себе, но имајте и на ум дека секоја вашата постапка носи одредени последици.
Една жена никогаш не сакала да зема нешто што е туѓо, едноставно нејзиното воспитување било такво. Но, еден ден се случило да најде туѓ паричник полн со пари, но без документи. Не знаела кому му припаѓа тоа, па си рекла дека веројатно можеби никому не должи ништо. Помислила на чизмите кои долго ги гледала во продавницата во близина каде што работи. Помислила дека можеби Бог ја наградува на одреден начин и дека можеби да си ги дозволи тие чизми конечно.
Но, откако ги купила чизмите, за неа настапил период на загуби, лоши настани и неволји. Иако претходно живеела релативно добар живот, како одеднаш да тргнале работите на лошо. Чизмите се распаднале при еден силен дожд.
Како за кратко време, да ја изгубила својата енергија и здравје и да станала нова личност. Ни за момент не помислила дека сето ова е можеби поврзано со паричникот кој го нашла.
Но, на крајот успеала да сфати. Кога нешто правиме и се однесуваме спротивно на своите верувања, ја губиме својата сила и енергија, а со тоа и поддршката на универзумот. Тогаш веќе нема среќа, таа како да не постои за нас.
Но, кога правиме нешто што е во согласност со нашите вредности и верувања, во нас постои убава енергија и ние едноставно блескаме. Не е важно што имаме и колку имаме, изгледаме здраво и среќно. Исполнето.
Секој од нас има своја судбина и свои правила. Ние самите го избираме патот по кој се движиме. Но, универзумот има свој начин да ни покаже дека некогаш грешиме. Треба само да го слушнеме тоа и да успееме да се поправиме, да се вратиме на својата патека.
Затоа, слушајте го своето срце и својата интуиција. Таа нека ви биде вашата ѕвезда водила, бидејќи таа секогаш ги има вистинските одговори за вас.