Поучна приказна: Нема живот со страв во срцето

Според една древна индијанска басна, си бил еден глушец кој живеел во постојан страв дека ќе биде изеден од мачка.

Тој толку се плашел, што не сакал да излегува од својата дупка.

Еден магионичар се сожалил и решил да го претвори во мачка за да може послободно да живее.

Но, глушецот одеднаш почнал да се плаши од кучињата.

Волшебникот го видел тоа и повторно сакал да му помогне, па го претворил во пантер.

Но, во моментот кога станал пантер, тој почнал да се плаши од ловците.

Волшебникот на крајот решил да крене раце и повторно го претворил во глушец.

Пред да си замине, тој му рекол:

„Јас не можам да ти помогнам, затоа што и покрај сѐ – ти имаш срце на глушец.“

Поуката на оваа приказна е дека сѐ додека имаме страв во срцето, никогаш нема да можеме да живееме слободно и да ги оствариме нашите соништа. Ослободете го срцето од страв и вашиот живот ќе почне да цвета!