Поучна приказна: Луѓето секогаш сакаат да ги навредат оние кои вредат

Би требало да сфатиме дека за секој од нас, животот е поинаков. Ако сте добра личност, многумина ќе се трудат да ве повредат и да ве понижат за да ја намалат вашата вредност.

Ова е моќна приказна која ќе ви испрати силна порака.

Еден професор го започнал својот час покажувајќи банкнота од 20 долари. Во просторија со 100 ученици тој ги прашал: Кој ја сака оваа банкнота од 20 долари? Студентите почнале да креваат рака.

Потоа, тој рекол: во ред, ќе ја дадам некому оваа банкнота, но дозволете ми прво да направат нешто друго. Потоа, тој ја изгужвал и прашал кој и понатаму ги сака парите. И понатаму, рацете на учениците биле горе. 

Потоа, ја спуштил на земја и почнал да ја гази, па повторно прашал кој сè уште ја сака парата. Студентите не се откажувале.

На крајот, тој заклучил. Оваа банкнота уште вреди 20 долари, многу пати во нашиот живот ќе бидеме згужвани, ќе паднеме на земја и ќе бидеме извалкани. Ќе се чувствуваме безвредни, но тоа не ја намалува нашата вредност.

Што и да се случило во вашиот живот, не дозволувајте никогаш да ја изгубите својата вредност. Луѓето имаат желба да ги понижат и навредат другите и оние кои се посебни. Никогаш не го заборавајте тоа. Верувајте во себе и кога ќе паднете на земја. И кога другите ќе пробаат да го извалкаат вашето име, вие и понатаму вредите.