Поучна приказна која ќе ве натера да промените нешто во животот

Еден ден, еден човек проаѓал покрај некоја куќа и здогледал старица во столица за клацкање. Покрај неа, на иста таква столица се клацкал еден старец и читал весник, а покрај нив, на прагот од куќата, лежело едно куче и завивало како да го боли нешто.

Следниот ден, повторно поминал покрај истата куќа. Повторно го погледнал стариот пар како седи во столиците за клацкање и кучето кое лежело и цвилело.

Загрижениот човек си ветил самиот на себе дека ако и утре го види овој пес кој непрестајно завивал, ќе ги праша старците во што е проблемот.

Третиот ден, на големо изненадување, повторно ја видел истата слика: старицата се клацкала, старецот читал врсници, а кучето на истото место жално завивало.

Не можел да издржи и и се обратил на старицата: Извинете госпоѓо, но што му се случило на вашето куче?
Таа му одговорила: Лежи на клинец.

Човекот изненадено прашал:

-Ако кучето лежи на клинец и ако тоа го боли, зошто едноставно не стане?

Старицата се насмевнала и со пријатен и нежен глас рекла:

- Драги мој, го боли доволно за да може да завива, но не доволно за да се помести од тоа место.