Поучна приказна: Исполнет живот

Одредете ги приоритетите...

На часот по филозофија професорот држеше предавање. На почетокот на предавањето подигна голем, празен стаклен сад, го стави на масата и го наполни со тениски топчиња. Потоа ги запраша студентите дали сметаат дека садот е полн. Да, полн е, се сложија студентите.

Но, професрот тогаш во садот пушти полна рака мали камчиња кои го исполнија просторот околу топчињата. Ги праша студентите дали и сега сметаат дека садот е полн. Тие се сложија со професорот дека е.

Но, професорот тогаш зема сад полн со песок и го истури песокот во садот со топчињата и со камчињата. Песокот ги пополни празнините меѓу топчињата и камчињата. Потоа, повторно ги праша студентите дали и сега сметаат дека садот е полн. Да, сега сигурно е – заклучија студентите. Но, тогаш професорот во садот излеа голем филџан со кафе. Кафето го наводени песокот. Немаше потреба пак да се праша дали садот е полн.

„Би сакал овој сад да го замислите како свој живот – тениските топчиња се важните работи како семејство, деца, здравје. Камчињата се исто така важни работи во животот – работа, дом, автомобил... песокот ги симболизира малите работи – хоби, патувања, шопинг, малите животни радости.

Ако својот живот одма го наполните со песок, тешко ќе најдете место за камчињата и за топчињата. Треба да водите сметка за работите кои се клучни за исполнет и среќен живот.

Играјте си со децата. Најдете време да отидете на лекар. Излезете со партнерот во кино или на вечера. Секогаш ќе најдете време за чистење или за поправки по дома.

Прво погрижете се за тениските топчиња – за работите кои се навистина важни. Потоа за сѐ останато.“

И тука би бил крајот на приказната, ако една студентка не прашаше: „Професоре, а што претставува кафето?“

„Мило ми е што прашавте колешке. Кафето го излеав да ви посочам дека без оглед дали животот ви е исполнет, секогаш има време за филџан кафе со пријателите.“