Поучна лекција за сите оние кои се презафатени со својата работа, заборавајќи на најблиските

Еден човек се вратил од работа сиот уморен и нервозен. На вратата го пречекал неговиот шестгодишен син.

Поспан и облечен во пижами, тој го прашал: Тато, може ли да те прашам нешто?

Таткото рекол: Секако сине.

Синот : Колку заработуваш на час?

Таткото :  Тоа не е важно за тебе. Зошто ме прашуваш?

Синот : Само сакам да знам. Те молам кажи ми.

Таткото : Ако веќе мораш да знаеш, заработувам 50 долари за еден час.

Спуштајќи ја главата, синот повторно прашал: Татко, можеш ли да ми позајмиш 25 долари?

Таткото бил бесен : Ако единтвената причина поради која ме прашуваш колку заработувам е за да купиш некаква играчка или слична бесмислица, тогаш сврти се и оди во соба и размисли зошто си толку себичен. Јас не работам толку напорно за сите нешта кои ти ги посакуваш.

Синот отишол во соба, затворајќи ја вратата. Таткото седнал во дневната соба чудејќи се зошто малиот син му поставува такви прашања. По одредено време, се смирил и размислил: Можеби навистина му се потребни тие пари. Тој не бара често.

Таткото отишол во собата и ја отворил вратата.

Дали заспа, сине? -  тој го прашал својот син.

Не, тато. Буден сум. – одговорил малиот.

“Размислив, можеби бев престрог кон тебе претходно. Имав тежок ден и ти се извинувам. Еве ти ги 25 долари кои ми ги бараше“.

Малото дете се исправило од креветот, смеејќи се. „Ти благодарам тато“- извикал тој. Синот полека извадил купче пари од под својата перница, покажувајќи му ги на татко си.

Но, зошто бараше пари ако веќе имаш? – викнал преморениот татко.

Затоа што немав доволно, но сега имам.  Тато, сега имам 50 долари. Можам ли да купам еден час од твоето време? Те молам, врати се утре порано. Сакам да вечерам со тебе и мама на масата.

Таткото бил скршен. Го прегрнал својот мал син и не можел ништо да му објасни.

Ова е само мал потсетник за сите оние кои работат напорно. Не смееме да дозволиме времето да го поминуваме вовлечени во работата, наместо да минеме квалитетно време со луѓето на кои им значиме.