Потврдена ослободителната пресуда за Пале Иловска

Апелациониот суд во Скопје ја потврди ослободителната пресуда на велешанката Павлинка Пале Иловска, која минатата година со нож го усмрти нејзиниот насилен партнер.

Велешанката беше обвинета за „убиство во миг“ и обвинителството поднесе жалба и бараше Иловска да биде казнета, меѓутоа Апелација ја потврди пресудата донесена од судијката Габриела Гајдова.

Судијката Гајдова го оправда потегот на Иловска која се бранела од починатиот партнер. Од ДНК под ноктите на починатиот полицаец се утврило дека тој навистина ја давел пред да го убие со нож.