Потсетување на старо Скопје: Фотографско сеќавање на местата кои најмасовно биле посетувани

Старите скопјани со задоволсто се присетуваат на плажите во Старото. Тие раскажуваа дека плажите постоеле се до земјотресот во 1963 година и биле место за вистонско задоволство и уживање на жителите на градот.

Во Скопје постоеле неколку плажи: градска, опатија, руска. Градската плажа била најпопуларна и најпосетувана, а руската плажа била за тие најхрабрите и најдобрите пливачи.

Скопјани раскажуваат на плажите се наплаќал влез, а дополнително  се доплаќало доколку сакаш душек или гума.  Буквално, немало скопјанец кој не се капел во Вардар, а голем дел пливале и со гуми од камион.

Tие велат дека тогаш немало лежалки, туку дувале гуми додека како што велат „не ти се сврти во глава од дување“

Интересна анегдота е поврзана за градската плажа каде паднала едрилица и направила простор, дупка која понатаму била одлично место за капење.