Потребни се години за да се изгради репутација, а само неколку зборови за да се уништи...

Страшен е фактот што можат зборовите да му направат на човек... тие можат да ве подигнат, но тие можат и да ве уништат.

Посакувам повеќе луѓе да размислуваат за ова. Посакувам да можат да видат што им прават на луѓето, но можеби не им е ни гајле.

Озборувањата се само тоа – озборувања.

Тие се создадени за да ги забавуваат другите. Кога ќе чуете озборување, не мислите на тоа како истото влијае на личноста за коешто е наменето... ниту пак како се чувствува поради тоа. Колку е болно тоа да ги гледаш луѓето кои ти се пријатели како ти го вртат грбот поради нешто што не е ни вистинито.

Како може тоа некој да му го направи на човек? Да го понижува, да направи да се чувствува безвредно? Како може некој да го земе мирот на некоја личност и да го уништи само поради забава? Половина од работите кои сте ги чуле се лага, но тоа не е важно.

Потребни се години за да се изгради репутација, а само неколку зборови за да се уништи.

Она што вие мислите дека е смешно го кажувате на другите кои кажуваат на други и одеднаш озборувањето започнало и нечиј живот е уништен. Да, можеби звучи предраматично и смешно, но не е. Една мала работа може да го промени правецот на животот на една личност, предизвикувајќи домино ефект кој не можете да го сопрете колку и да се трудите.

Озборувањата се грди и тие се шират како оган кој не може да се изгасне. Тие се извртуваат и растат во работи кои не можат да се сопрат.

Но, има една работа... не мора да ги слушате. Не мора да ги ширите. Не мора да верувате во нив. Секогаш ќе има зли луѓе во светот, но можете да бидете подобри од нив.

Покажете им дека нивните зборови не се важни.

Кажувајте добри и љубезни работи. Запомнете колкава моќ има вашата уста, затоа што зборовите кои ги искажувате немаат само моќ да ги повредат другите, туку и го одразуваат вашето срце.