Потребни се двајца за танго – не се борете за луѓето кои не сакаат да бидат дел од вашиот живот

За некои луѓе, другите луѓе се како сонцето кое им е потребно за да бидат расположени. Тие го сакаат друштвото на другите луѓе, си сакаат до бескрај своите пријатели и сакаат да се спријателуваат и да запознаваат со нови луѓе.

Но, често тие плаќаат висока цена во животот. Бидејќи, не сите луѓе кои влегуваат во нашите животи остануваат до нас.

Како што созреваме низ годините, животот е како филтер. Луѓето заминуваат, имаат различни приоритети и веќе не се дел од нашите животи онака како што би сакале ние. Но, за некои луѓе тоа предизвикува голема болка и неприфаќање.

Но, животот е непредвидлив. А , исто и луѓето.

Често, имаме пријател со кој чувствуваме огромна поврзаност, споделуваме многу нешта, а потоа животот не раздвојува. Колку и да била најважна таа личност за нас, доаѓа време кога пријателството веќе не е исто.

Истото се случува и со врските. Можеме да сакаме, да биде заљубени до небото и назад, да слушаме или даваме милион ветувања за „засекогаш“, но понекогаш љубовта ја снемува и таа личност веќе не е дел од нашиот живот. Да, болката е огромна. Но, треба да знаеме дека заминувањето на некои луѓе во нашиот живот всушност значи отворање на  нови врати за нови личности.

Потребни се двајца за танго – не ги задржувајте луѓето во вашиот живот по секоја цена и тогаш кога поврзаноста и љубовта веќе ги нема. Секоја личност  нема да остане во вашиот живот. Впрочем, само многу мал број од нив ќе го направат тоа.

Секоја личност која доаѓа во вашиот живот има различна цел. Некои ве учат на важни лекции, некои го менуваат вашиот живот од корен, други пак го збогатуваат со убави искуства. Секоја личност е различна. Но, оние кои вистински се грижат за вас, оние кои вистински ве сакаат, тие остануваат засекогаш. Чувајте ги тие луѓе блиску до себе.