Потребна е секунда за да се заљубиме, а цела вечност за да преболиме

Љубовта е една од најголемите сили на светот. Таа влијае на човекот на многу начини, а денес ви претставуваме неколку факти за љубовта.

  1. Потребна 1/5 секунда за човек да се заљуби. Толку време е потребно за во мозокот да започнат неопходните процеси во мозокот. Гледајќи ја личноста која ви се допаѓа, во мозокот се ослободуваат различни невротрансмитери, вклучувајќи и окситоцин, допамин и адреналин. Според овие информации, љубовта на прв поглед е сосема возможна.

  2. Прегратка од сакана личност е како антистрес терапија. Прегратките навистина го смируваат човекот. Едно истражување покажало дека кога ќе прегрнете сакана личност, во вашето тело се лачи окситоцин, а тоа хормонот одговорен за намалување на стресот во организмот.

  3. Дури и некои животни се во моногамни врски. Многу луѓе веруваат дека во денешно време врската само со еден човек е непотребна и невозможна, но дека тоа не е точно покажува и фактот дека и многу животински видови се обврзуваат на моногамни врски, меѓу нив и човекот.

  4. Човекот лесно се навикнува на љубов и лесно почнува да создава зависност. Кога човек еднаш ќе доживее вистинска љубов, може лесно да се навикне на тоа чувство, исто како што се навикнува на кафе.

  5. Љубовта може да го намали чувството на анксиозност. Многу истражувања покажуваат дека луѓе кои долго време не се во врска и кои се чувствуваат осамено чувствуваат поголеми нивоа на анксиозност. Додека пак среќно заљубените луѓе често се посмирени покрај саканата личност.