
Денес го потпишавме договорот за изградба на новиот објект на градинката „Пчелка 1“ – најстарата градинка во Општина Аеродром, во која и јас ги поминав првите детски чекори. Со овој проект, не рушиме само ѕидови – завршуваме едно поглавје полно со спомени и отвораме ново, посветено на иднината на нашите најмали, сподели градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески преку социјалните мрежи.
„Во градинката каде што јас растев, ќе растат уште многу генерации, но во нов, модерен, безбеден и топол објект кој ќе згрижува 265 дечиња – далеку повеќе од сегашниот капацитет, вели Митески.
Тој додава дека станува збор за површина од 2.600 м², многу нови занимални, современи услови и безбедна околина.
„Благодарение на поддршката од Владата на Република Македонија, предводена од Премиерот Христијан Мицкоски, Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и Заменик Министерот Ѓоко Велковски, инвестираме како никогаш досега. По завршување на тендерската постапка, ќе градиме во три фази, внимателно и со љубов, затоа што не градиме само градинка – градиме спомени, детство и сигурна иднина за секое дете, најави градоначалникот.