Потпишан договор за соработка меѓу МВР и Универзитетот ФОН

 Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари работна средба со директорот на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, Сефер Цаноски, на која фокусот беше на интензивирање на соработката меѓу Министерството за внатрешни работи и Универзитетот за доедукација на припадниците во МВР.

– На средбата беше заклучено дека интензивирањето на соработката меѓу двете институции е посебно значајно за развој на сегментот на дополнително образование и обука на припадниците на полицијата, особено вработените од Секторот за комјутерски криминал. За таа цел, министерот Спасовски и директорот на Универзитетот Цаноски потпишаа Договор за соработка, кој претставува рамка, со која дополнително се зацврстува соработката меѓу Министертвото и Универзитетот во делот на доедукација на припадниците на Министертвото за внатрешни работи, се наведува во соопштението на МВР.

Цаноски информира во обуката ќе бидат вклучени и неколку влијателни универзитети од САД, додека пак министерот Спасовски нагласи дека образованието е клучен дел од секој сегмент во општеството, како и дека дополнителната едукација е од исклучителна важност за соочување со новите предизвици на полициските службеници.