Потпишан договор за рехабилитација на локален пат Кадино – клучка автопат А4

Општина Илинден во соработка со Министерството за финансии и канцеларијата на Светска банка во РМ во рамки на Проектот за подобрување на општински услуги (МСИП), потпишаа договор за реализација на проектот „Рехабилитација на локален пат Кадино-клучка автопат А4 во вкупна вредност од 29.416.514 денари.

Со проектните активности ќе се изврши целосна реконструкција на локалниот пат од излезот на населеното место Кадино до поврзување со автопатот А4 во должина од 1.600 метри, вклучувајќи реконструкција на 2 мостови и 1 цеват пропуст.

Овој локален пат е од големо значење за општината бидејќи претставува влез во општината Илинден и главната врска со автопатот А4, Коридор Скопје-Атина и поврзување со регионалниот пат Р-103.

– Со реконструкцијата на овој фреквентен патен правец се подобрува безбедноста во сообраќајот во овој дел од Општината, и се овозможува побрза и побезбедна комуникација, информираат од Општина Илинден.

Покрај општина Илинден дополнително уште 5 општини (Бутел, Студеничани, Центар Жупа, Кавадарци и Желино) добија средства за реализација на инвестициони проекти.