Потпечено компир-пире со сланина

Јадењата со компир оставаат многу простор за импровизација и инспирација, па така од обичното пире можете да направите вистински специјалитет.

Состојки:

1,5 кг компири
8 парчиња сланина
Мала чашка павлака
1/3 шолја путер на собна температура
Малку павлака за готвење
Две чешниња толчен лук
Сол и бибер
Голема шолја рендан кашкавал

Подготовка:

Сварете ги компирите, а додека се варат пропржете ја сланината. Исцедете на впивачка хартија. Направете пире од топлите компири и додајте го поголемиот дел од кашкавалот, потоа сланината, павлаката, павлаката за готвење, зачините, путерот и потоа префрлете ја смесата во сад за печење. Ставете го остатокот од кашкавалот одозгора.

Печете околу 15 минути на 180 степени.