Потпечени тиквички, лесен ручек без месо

Овој рецепт е брз, лесен и евтин. Потребно е само да ги измешате состојките и да испечете. 

Состојки:

Една тиквичка
Еден кромид
Две чешниња лук
Две јајца
Две лажици брашно
Четири лажици павлака за готвење
20 гр путер

Подготовка:

Кромидот и лукот исецкајте ги, а тиквичките исечете ги на кругови. Прво пропржете ги кромидот и лукот, па ставете ги тиквичките да се издинстаат. Сето тоа префрлете го во премачкана тава со путер. Изматете ги јајцата, ставете брашно, додадете ја павлаката за готвење, па зачинете со сол и бибер.

Прелијте врз тиквичките, печете 20 минути на 200 степени и послужете со салата од домати или пак со кисело млеко.