Потпечени домати со јајца

Уште еден од низата инспиративни рецепти за топлите летни денови. 

Доматите се одлични свежи, но може да се искористат и за полнење, како и за многу други оброци во кои имаат главна, па дури и споредна улога. 

Овојпат ви пренесуваме рецепт во кој тие се главните актери. 

Состојки:

4 домати
4 јајца
Сол и бибер
Зачини по желба
Маслиново масло
Сирење/кашкавал

Подготовка:

Отсечете го горниот дел и издлабете ги доматите. Посолете во внатрешноста. Наредете ги во подмачкана тава за печење. Посипете со сушен рузмарин и босилек. Во секој домат ставете по едно јајце. Печете околу 10 минути во претходно загреана рерна на 220 степени. Ако сакате потврдо зготвени јајца, можете да печете уште две минути. Додека се уште топли, ставете рендан кашкавал или парче сирење, за да се стопи врз нив.