Едноставните рецепти се секогаш најдобар избор, а сирењето и кашкавалот ги прават уште подобри.
Состојки:
Еден модар патлиџан
Два компира
2-3 тиквички
Три мали брокули
Пиперки
Исечен бел кромид на покрупни парчиња
Еден помал црвен кромид
Еден морков
Печурки
4 јајца
100 мл млеко
Рендани сирење и кашкавал по вкус
Подготовка:
Зеленчуците исечете ги на крупни парчиња. Ставете ги да се потпечат во рерна, на 200 степени, додека да се зготват компирите.
Прелијте со смесата од јајца, млеко и сирење и вратете да се пече уште 20-30 минути на 180 степени. Оваа комбинација може да биде одличен прилог со месо.