Овој рецепт потсетува на познатата мусака, но со изменети состојки. Лесен е за подготвување и лесно може да се вклопи во вашето мени за ручек или вечера.
Потребни состојки:
500 гр карфиол
Сос и зачини по избор (кечап, чили сос, оригано...)
500 гр пилешко бело месо
Еден кромид
250 гр печурки
Зачини
Подготовка:
Карфиолот исечете го на помали цветови и маринирајте го во состојки по желба. Во меѓувреме, исечкајте го пилешкото месо на ленти. Пропржете ги кромидот, па печурките и на крај додадете го пилешкото. Наредете половина од карфиолот, па ставете ред пилешко и завршете со карфиол.
Печете 25 минути на 180 степени.