„Поточиња 2025“ на 12 и 13 април во Македонската филхармонија

На 12 и 13 април во Филхармонија по 22. пат на големата сцена ќе блеснат единствените „Поточиња” и ќе ја донесат омилената детска музичка приказна на сите генерации.

- Со многу љубов и внимание подготвивме нови песни кои со нетрпение чекаме да Ви ги отпееме, а фантастичниот Поки (актерот Мартин Јорданоски) е задолжен за атмосферата на фестивалските денови да биде на највисоко ниво. Затоа, Ве каниме сите заедно да играме, да пееме, да се смееме, да се радуваме и да се забавуваме! - велат организаторите. 

Билетите веќе се пуштени во продажба. 

Минатогодишното издание Поточиња 2024 одржа дури седум фестивалски претстави во  Македонската филхармонија на кои присуствуваа над 6 500 деца. Чекајќи го новото издание се потсетуваме како изгледаше Поточиња 2024.