Поточарката била една од најомилените лековите билки на Хипократ.
Оваа билка често се користи за лечење на многу состојби и болести, од проблеми со белите дробови, до забоболки. Последното најново истражување ја става на првото место најздраби билки во светот, со цели 100 поени.
Таа е најдобра кога се користи свежа. Освен како антиоксиданс, позната е како чистач на целиот организам бидејќи ја чисти крвта, нè освежува и ни дава енергија. Често се користи и како антибиотик, диуретик, стимуланс, а е одлична и против егземи, како и воспаленија. Корисна е дури и за исцелување на оштетената кожа, а помага и против дамки и пеги на кожата и опаѓање на косата.
Многумина ја нарекуваат водена кралица, бидејќи помага кај следните заболувања:
Оваа билка е одлична и за подобрување на здравјето на коските. Тоа се должи на витаминот К кој таа го содржи што одлично се спојува со нивоата на калциум (123 мг на 100 гр).
Како да припремите чај од поточарка?
Потребна ви е 1 голема лажица од оваа билка и 2 дл вода. За чајот се препорачува да е свежа, но можете да ја најдете и сушена во билните аптеки. Потопете ја во 2 дл вода, оставете да отстои околу 20 минути, а потоа процедете.