ПОТКУП ОД 300 ЕВРА: Болничар побарал пари од пациент за да го стави прв на листа за операција

Болничар во ГОБ „8 Септември“ примил поткуп од 300 евра од пациент за да го стави прв на листата за чекање за операција. Против него е поднесена кривична пријава за примање поткуп.

Според информациите на МВР, К.С. (64) од Скопје, на 25 мај од 66-годишен пациент од Прилеп директно побарал 300 евра за да го стави прв на листата за чекање за оперативен зафат, а наредниот ден ги зел парите со образложение дека истите се награда за лекарот кој требало да ја изврши операцијата.

Синот на пациентот го пријавил болничарот во полиција. Следниот ден, на 26 мај, во угостителски објект се сретнале синот на оштетениот и болничарот, кој ги примил парите, по што бил приведен.