Потенцијална опасност: Објавено предупредување за невреме утре во цела Македонија

Метеоалармот издаде предупредување од жолта алертна фаза за потенцијална опасност од невреме за целата територија на Македонија. 

За територијата во малешевијата има уште еден метео аларм исто така од жолта фаза како предупредување за потенцијална опасност од обилни врнежи на дожд.

За време на викендот, а особено во недела ќе има и значително намалување на температурите кои во некои делови ќе паднат и за 10 степени. 

Дождот ќе се задржи до вторник идната недела а потоа се враќа сончевото време и високите температури карактеристични за овој период од годината.