Постудени утра и пријатни дневни температури

 Времето во земјава по студеното утро ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.

Во Скопје, претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 22 степена.

Во недела и во првите два дена од следната седмица ќе преовладува стабилно и сончево време со појава на мала до умерена облачност. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во постепен пораст. Нови врнежи се очекуваат во среда кон крајот на денот.