Постојката „Последна 24-ка“ претворена во вистинска депонија

Фотографии од постојката позната како последна 24-ка, во реонот Расадник-Припор покажуваат дека е претворена во вистинска депонија, а на ваквата состојба реагираат и граѓаните. 

На фејсбук-страницата „За Расадник на можности, за хуман живот во Кисела Вода“, каде се објавени фотографиите, тврдат и дека иако е реагирано до Општината, досега никој не преземал никаква иницијатива за расчистување, иако се работи за автобуска постојка каде секојдневно превоз чекаат голем број граѓани.