Постојат три вида на збогум…

Постојат три вида на збогум.

Првиот е оној кој го очекуваш, секогаш – уште од првиот момент кога се сретнавте. Ова збогум не боли толку многу, бидејќи крајот е предвидлив, знаете дека ќе дојде.

Вториот е оној кој го одложуваме, кој трае со месеци, а некогаш и години. Тој во себе ја носи болката на зборовите, неодговорените пораки, тишината која секогаш мораше некој да ја скрши за да ги врати нештата на место. Ова е тивко збогум, кое секогаш е непријатно без оглед на тоа што си кажуваме себеси. Тоа секогаш резултира со чудни средби, обиди да ги побараме оние кои ги сакаме на полноќ, кога сме најосамени по неколку чаши вино.

Трето и последно е ненадејното збогум, и најлошото од нив. Тоа доаѓа како изненадување, како молња. Вчера се држевте за рака и си ја ветувавте вечноста а денес, тоа ви го крши срцето и ве остава без воздух, без надеж. Тоа е она збогум кое не менува од корен и за кое ни требаат месеци и месеци за да го надминеме. Тоа е она збогум после кое не сме никогаш исти.