Постојано сте уморни и под стрес? Погледнете какви луѓе имате околу себе

Ако постојано чувствувате пад на енергијата, потрудете се да го намалите бројот на контакти.

Комуникацијата е важна и неопходна и таа е корисна, но не ви се потребни луѓето кои ви ја одземаат енергијата.

Средбите и разговорите, сите тие не поврзуваат со околниот свет. Меѓутоа, вишокот на комуникација само ни ја одзема енергијата која ни е неопходна за важните работи во нашиот живот. Грешиме кога мислиме дека ни се потребни многу луѓе и контакти во животот. Во тој случај, воопшто не размислуваме дека во секој контакт вложуваме енергија и емоционално се трошиме. Тоа особено се однесува на луѓето кои не ни се блиски, и со кои повеќе внимаваме, а оние кои се токсични и ни ја празнат енергија.

Блисктие луѓе се запознаени со нашиот живот, нашиот карактер и нашите навики. Со оние кои не ни се толку блиски, секогаш правиме поголем напор. Трошиме енергија во комуникацијата. Тоа е така бидејќи се трудиме да бидеме во форма, да зборуваме правилно и да бидеме учтиви, да го слушаме соговорникот и да бидеме трпеливи. Така, секој контакт ни зема сила и енергија.

Исто така, посетата на настаните кои не ни се од никаква корист, долгите разговори за работите кои не ни се толку важни, комуникацијата од пристојност – сето тоа ни создава голем замор. И, кога не сме физички изморени, тогаш кога само комуницираме.

Тогаш заморот преминува во хроничен замор. Преморени сме постојано. Си велиме дека не сме направиле ништо посебно во текот на денот, а кога ќе се вратиме дома, се чувствуваме смачкани.

Не треба без посебна потреба и радост да ги поддржуваме ваквите ситуации, а и со тоа да си создаваме стрес и да го нарушуваме нашето здравје.

Да се потрудиме да минуваме повеќе време со блиските луѓе или сами, за да ги вратиме својата сила и баланс.