Постојано има отворено огласи, но никој не сака да работи како продавач во Македонија

Голем број на работни места им се нудат на невработените лица во земјава преку Агенцијата за вработување.

И покрај тоа стапката на невработеност во Македонија се уште е висока и според последните објавени податоци изнесува 22,6 проценти.

Од она што најмногу се бара на пазарот на труд се продавачи и работници во преработувачката индустрија, но и градежни работници и во финансиската дејност.

Никој не сака да работи како продавач. Постојано има отворени нови работни места, но заинтересираноста е мала, а особено ако станува збор за продавач во прехрамбена индустрија.

Платите таму најчесто се минимални, а се работи многу. И на празник и на делник.