Постои причина зошто некои луѓе стануваат дел од нашиот живот

За некои луѓе, навистина не можеме да објасниме како се чувствуваме. Чувстуваме како Бог да ги донел во нашиот живот и како да не сакаме никогаш да си заминат. Тоа се луѓе кои нѐ учат на важни лекции за нас.

Постои причина зошто нашето срце се врти кон нив, и со нив стануваме поблиски од било која друга личност. Кога ќе помислиме, не постои ниту една друга личност со која сме се поврзале,а која не не научила на некаква лекција. Иронично е тоа, што таквите луѓе се многу кратко во нашите животи.

Различни фази од нашиот живот одредуваат какви фази привлекуваме до нас. Бог ни праќа вистински луѓе, во вистинско време. Тие ни даваат одговори кои сме ги барале од други луѓе.

Кога тие ќе си заминат, стануваме тажни и истоштени, но и лути. Не разбираме зошто толку кратко се присутни во нашиот живот. Но, од нив учиме многу. Тие ја носат личноста која ќе остане засекогаш и ни помагаат да ја научиме разликата меѓу добрите и лошите луѓе во нашиот живот.

Тие се добрите луѓе во нашиот живот. Тие се нашата лекција.