Постои магична нишка меѓу двајца на кои им е судено да бидат заедно...

Не доаѓаме сами на овој свет, и покрај верувањето дека раѓањето е почеток, нов лист. Полека ни се отвораат можности, создаваме нови контакти и стекнуваме нови знаења.

Сепак како што растеме, сфаќаме дека некаде постои некој кој ни е сличен. Не само што ни е сличен, туку ни е и многу близок, некој кој сигурно ќе го запознаеме еден ден. Таа личност ни е поблиска од родителите, подрага од пријателите и позагонетна од универзумот. Минуваме низ нашите секојдневни рутини со немилосрдното чувство дека ќе се сретнеме. Можеби токму зад следниот агол, можеби ќе се појави следната недела, под некои неверојатни околности. Многу работи можат да се случат. 

Во меѓувреме, ќе среќаваме други луѓе: интересни, убави, интелигентни и актрактивни. Возбудени сме. Се чини дека љубовта се појавила и мислиме дека тоа е вистинска љубов. Времето минува и сфаќате дека нешто не е во ред. Оној светилник во градите сè уште трага по нешто. Личноста со која сте – не е вистинската. Сакате да го продолжите патувањето, да отидете во полумракот, кон неизвесноста, каде можете да ја сретнете сродната душа. И продолжувате. Се појавува ново чувство, но погрешно е. Повторно. 

Како што проаѓа времето, опаѓа и вербата. Постои ли таа вистинска личност? 

Дури кога ќе се откажете, кога ќе почнете да верувате дека не постои сродна душа на оваа планета, кога конечно ќе се ослободите од чувствата и во целост ја прифатите вашата судбина и самотија, дури тогаш тој невидлив конец ќе се растегне и ќе ѝ овозможи на сродната душа да дознае за вас. Работите се развиваат и одат на подобро, а две личности соголени од надеж меѓусебно се запознаваат. 

Постои магична и невидлива нишка меѓу тие две души, чии патишта треба да се вкрстат. Тие ќе се пронајдат само кога ќе ја дознаат суштината на слободата и самотијата. Кога мудроста ќе ја надвладее лудоста, знаењето ќе го надвладее незнаењето, а прифаќањето ќе ја надмине тврдоглавоста. Ти ќе се сретнат. Невини, искрени, подготвени да се сакаат, да се внесат и подготвени да станат подобри луѓе. Затоа што кога се заедно тие не се сами. Тие се силни, имаат врамнотежени чувства, мудрост, имаат цела вечност за експерименти. 

Нивната средба отвора нови можности кои можат само да ги искористат како пар. И светот ќе им аплаудира затоа што таа заедница секогаш носи светлина и знаење. Далечината, луѓето, тешките услови: ништо не може да ги спречи да ја довршат својата мисија. Тие се сретнале, а тоа значи дека главната работа веќе се случила. Сè останато е само прашање на време. 

Потребно е само да знаат дека вистинската љубов не е само искра во оганот на животот. Вистинската љубов е тој оган. И сите препреки ќе изгорат во пламенот. 

Постои магична нишка меѓу двајца на кои им е судено да бидат заедно. А нејзиното име е - вистинска љубов.